• среда, 13 ноември 2024

Во Тунис рестрикции на водата поради сушата

Во Тунис рестрикции на водата поради сушата

Тунис, 28 март 2023 (МИА) – Властите во Тунис ја исклучуваат водата во главниот град и другите градови во обид да се намали потрошувачката во услови на голема суша.

Локалните жители соопштија дека водата е запрена во текот на ноќта без предупредување во градовите Тунис, Хамамет, Сус, Монастир и Сфакс.

Сушата е голем проблем во Тунис и Владата претходно предупреди дека може да ја исклучува водата во ноќе во текот на летото за да ја намали потрошувачката поради недостиг на резерви на вода во северноафриканската држава. ми/

Остани поврзан