• сабота, 23 ноември 2024

Во трите гимназии во Дебарско, во прва година може да се запишат 408 ученици

Во трите гимназии во Дебарско, во прва година може да се запишат 408 ученици

Дебар, 20 мај 2024 (МИА) - Врз основа на конкурсот на МОН за упис во прва година, во учебната 2023/2024, во трите средни општински училишта, колку што функционираат во општините Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, можност за упис имаат 408 завршени основци. 

- Во нашата установа можност за упис во прва година имаат 272 ученика, во осум паралелеки, од кои три со настава на македонски и пет на албански наставен јазик, сите гимназиска насока. Од паралелките со настава на македонски наставен јазик, две се во Дебар и една паралелка во село Могорче, во кои  вкупно може да се запишат 102 ученика. На албански наставен јазик се 170 ученици, сите во Дебар,  рече за МИА, Рамадан Имери директор на дебарската гимназија „28 ноември“. 

Според директорот Сабри Асан, во гимназијата „АТА“ во Центар Жупа, квотата за упис во прва година е 68 ученици, односно по една паралелка со настава на македонски и една на турски наставен јазик. 

И во СОУ„Маврово Ростуше“ во Ростуше, седиштето на општина Маврово Ростуше, во прва година право на упис, имаат 68 завршени основци, во две паралелки на македонски јазик. 

Првото електронско пријавување на учениците, во првиот уписен рок, ќе се врши од 20 до 25 јуни, додека второто на први и втори јули. Второто пријавување ќе се врши на 21 август.

Со години на ред, во ниту една од гимназиите во Дебарско, предвидената бројка не се пополнува, ниту половично, за што главна прчина е масовната миграција а тука секако и определбата на дел од завршените основци школувањето да го продолжат во некое средно стручно училиште во државава. вт/сст/

 

Фото: МИА архива

 

 

 

 

 

 

Остани поврзан