• сабота, 23 ноември 2024

Во Тонга потврден прв случај на Ковид-19 од почетокот на пандемијата

Во Тонга потврден прв случај на Ковид-19 од почетокот на пандемијата
Нукуалофа, 29 октомври 2021 (МИА) – Премиерот на пацифичкото кралство Тонга, Похива Туионетоа денеска изјави дека во земјата е регистриран првиот случај на Ковид-19 од почетокот на пандемијата. Тонга, што е лоцирана на околу 2.300 километри северно од Нов Зеланд ги затвори границите на почетокот од пандемијата и досега немаше заболени лица. Вирусот е потврден кај патник кој се враќал од Нов Зеланд, кој заедно со другите 214 лица се изолирани и ставени во карантин по нивното враќање во Тонга на 27 октомври. Во авионот имало сезонски работници и некои претставници на олимпискиот тим на Тонга кои заглавија во Нов Зеланд на враќање од Олимписките игри во Токио. Ним не им беше дозволено да влезат во Тонга со недели откако беа откриени случаи на Ковид-19 во Нов Зеланд. Премиерот Туионетоа ги повика жителите на Тонга да се подготват за можни ограничувања и да се вакцинираат. Во Тонга вакцинирани се 48 отсто од населението со прва доза, а 31 отсто се целосно вакцинирани. Здравствените власти на Нов Зеланд вчера потврдија два случаи на Ковид-19 во Крајстчерч, први инфекции во градот по една година. Министерството за здравство на Нов Зеланд соопшти дека патникот имал негативен наод пред да замине од Нов Зеланд. ми/

Тагови

Остани поврзан