• среда, 18 декември 2024

Во Тирана загрижувачка појавата меѓу  младите кои консумираат азотен оксид во балон

Во Тирана загрижувачка појавата меѓу  младите кои консумираат азотен оксид во балон

Тирана, 23 септември 2023 (МИА) - Користењето азотен оксид од балон станува загрижувачка појава меѓу младите во Тирана, јави Топ чанел.

Поради тоа многу набрзо опасните балони со азотен оксид, кои слободно се продаваат по кафулиња и ресторани во Тирана ќе бидат забранети со закон.

Ова го најави министерот за внатрешни работи Таулант Бала, додавајќи дека станува збор за недозволиво средство и оти ќе биде под контрола на државата до донесувањето на законот со кој ќе се смета за дрога.

Алармот го вклучи доктор Адриан Фанди, според кого ова средство содржи две хемиски супстанци во форма на гас кои предизвикуваат мозочни и невролошки проблеми, кои може да доведат до несакани последици.

Телевизијата пренесува видео од ТикТок каде тинејџерки консумираат  азотен оксид од балон, при што едната од нив губи свест и паѓа.

Полицијата попладнево, како што објави Бала уапсила 21- годишник, кој преку ТикТок рекламирал и продавал балони со азотен оксид. вт/
 

Фото: Скриншот од видео на ТикТок

Остани поврзан