• среда, 25 декември 2024

Во Тиквешко солиден интерес за обезбедување трактори и приклучна механизација преку ИПАРД програмата 

Во Тиквешко солиден интерес за обезбедување трактори и приклучна механизација преку ИПАРД програмата 

Кавадарци, 22 ноември 2023 (МИА) - Во Тиквешко имаше солиден интерес за обезбедување на трактори и приклучна механизација на првиот повик од ИПАРД три програмата, потврдија денеска за МИА од работната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството во Неготино.  

- Освен за трактори и приклучна механизација, тиквешани пројавија интерес и за подигнување на нови лозови и овошни насади. Надвор од секторот земјоделство, имавме и случај на заинтересиран за опрема за преработка на дрво, појаснија од работната  единица на Агенцијата. 

Оттаму потсетија дека минималната субвенција изнесува 60 проценти од вредноста на инвестицијата.

- Но, кога станува бор за млади земјоделци до 40 години или рурални средини со тешки услови на стопанисување, субвенционирањето може да биде и со 65 до 70 отсто од инвестираните средства, нагласија од работната единица на Агенцијата. свд/мд/

Фото : МИА 

Остани поврзан