• понеделник, 29 јули 2024

Во тетовско Одри пронајдена рачна бомба од Втората светска војна

Во тетовско Одри пронајдена рачна бомба од Втората светска војна
Скопје, 15 март 2022 (МИА) - Во СВР Тетово вчера е пријавено дека е пронајдена рачна бомба Ф-1, која била корозирана и која најверојатно потекнувала од Втората светска војна, информираат од Министерството за внатрешни работи. - Вчера во 09:40 часот во СВР Тетово, 62-годишниот М.A. од тетовско Одри пријавил дека изведувајќи градежни работи во стара воденица во селото, пронашол рачна бомба Ф-1, која била корозирана и која најверојатно потекнува од Втората светска војна, посочуваат од МВР. Извршен е увид на местото, а експолозивното средство било подигнато и транспортирано од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување. фф/сп/ Фото: МИА Архива

Остани поврзан