• четврток, 26 декември 2024

Во Тетовско изречени 80 предупредувања за неносење заштитна опрема

Во Тетовско изречени 80 предупредувања за неносење заштитна опрема

Тетово, 1 мај 2020 (МИА) - На подрачјето на тетовскиот регион изминатите два дена од страна на полициски службеници изречени се 80 предупредувања за неносење задолжителна заштитна опрема, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски. Од вкупниот број, 31 лице добиле и писмено предупредување.

-Во периодот од 30 април до 1 мај поради непостапување според здравствени прописи за време на епидемија согласно член 206 од Кривичниот законик пријави по разни основи на прекршување има за пет лица, потенцира Јосифоски.

СВР Тетово регистрира нови 14 лица кои добиле решенија за изолација дома од Државен здравствен и санитарен инспекторат со што вкупно се контролирани 115 лица.  Нема нови луѓе кои потпишале изјави за самоизолација дома, со што бројката останува 41.

Во државен карантин на 14 дена во хотелите на Попова Шапка пристигнале уште 12 лица или вкупно 119 луѓе.ас/бт/

Остани поврзан