• недела, 24 ноември 2024

Во Тетовско во октомври 1212 казни за сообраќајни прекршоци

Во Тетовско во октомври 1212 казни за сообраќајни прекршоци
Тетово, 2 ноември 2021(МИА) - Тетовската полиција во текот на минатиот месец, октомври, бележи дека имало вкупно 1212 различни видови сообраќајни прекршоци или дваесетина повеќе во споредба со истиот период лани. Сите откриени прекршоци се законски санкционирани. - Во октомвриските контролни активности, а поради констатирани прекршоци, од сообраќај биле исклучени 32 возила, од кои 24 имале истечена регистрација над 30 дена, додека кај осум возила била утврдена техничка неисправност. Во овој период, исто така, од сообраќај биле исклучени и 255 возачи, од кои 126 управувале возила без возачка дозвола, 62 под дејство на алкохол, 57 возачи-почетници и 10 со важечка забрана за управување, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. Покрај тоа, минатиот месец, времено биле одземени 11 возила за истечена регистрација повеќе од 6 месеци, 122 возачки дозволи и 36 сообраќајни дозволи, додека тетовската „пајак-служба“ вкупно подигнала 104 непрописно паркирани возила, најмногу во централното градско подрачје на Тетово, каде е и најголемата сообраќајна фрекфренција. ас/цр  

Остани поврзан