• четврток, 26 декември 2024

Во тетовската болница 45 хоспитализирани, сè уште има слободни места за пациенти со Ковид-19

Во тетовската болница 45 хоспитализирани, сè уште има слободни места за пациенти со Ковид-19

Тетово, 9 ноември 2020 (МИА) - Кризниот штаб при Општина Тетово, кој денеска имаше состанок, информира дека во моментот 45 лица од регионот се на болничко лекување на Ковид-19 во тетовската Клиничка болница. Тие, исто така, соопштија дека има уште слободни места, но без податок за колку кревети станува збор.

- Во Клиничката болница во Тетово, 45 лица се хоспитализирани на инфективното одделение, главно со симптоми и во сериозна здравствена состојба и се на кислородна поддршка. Како што информираат здравствените власти на централно ниво, состојбата со Ковид-19 е критична, иако Клиничкиот центар во Тетово во моментов сè уште е со доволен капацитет во однос на болнички кревети и здравствен персонал за да ги опслужи пациентите со тешка и критична клиничка слика, изјави градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

Заклучно со вчерашните податоци, 95 нови и вкупно 981 заболен, тетовскиот регион се приближува до над 1000 активни случаи со Ковид-19.  

- Останува проблемот со организирањето семејни собири и забави во затворено кое влијае на влошување на епидемиолошката состојба во земјата. Апелираме до граѓаните да бидат одговорни и свесни за сериозноста на состојбата во која се наоѓаме, мерките и ограничувањата од надлежните органи строго да се почитуваат, бидејќи во спротивно органите на прогонот ќе постапат со нулта толеранција, казнувајќи ги во согласност со законот сите прекршители и граѓаните кои постапуваат спротивно на пандемиските мерки и протоколи. Исто така, бараме од лекарите да престанат со домашни посети, бидејќи ваквата акција е извор на инфекција и значително ја влошува епидемиолошката состојба во општина Тетово и пошироко, потенцираше Арифи.

Во градинките, основните и средните училишта во Општина Тетово со Ковид-19 се дијагностицирани вкупно 39 лица. ас/фф/

Остани поврзан