• недела, 24 ноември 2024

Во тетовската болница во октомври немало хоспитализирани пациенти со Ковид-19

Во тетовската болница во октомври немало хоспитализирани пациенти со Ковид-19

Тетово, 3 ноември 2022 (МИА) - Во Клиничката болница во Тетово во текот на октомври немало ниту едно болничко лекување од Ковид-19, информираат од болницата.

-Во амбулантата на Инфективното одделение биле прегледани 59 лица, а четворица од нив, кај кои бил дијагностициран Ковид-19,  биле на домашно лекување. На ова одделение имало три лица  задржани на болничко лекување, но поради други болести, информира д-р Хасан Илјази, одговорен за односи со јавноста при Клиничка болница Тетово.

Од почетокот на пандемијата 14 473 луѓе заболеле од Ковид-19 во тетовскиот регион.

Од друга страна, според податоците на Институтот за јавно здравје, само во последната недела од минатиот месец (24-30 октомври 2022) од 15 случаи на грип, седум се регистрирани во Тетово. ас/хс/

Остани поврзан