• недела, 28 јули 2024

Во Тетово утре ќе се одржи јубилејниот 20. карате турнир „Тетово опен“

Во Тетово утре ќе се одржи јубилејниот 20. карате турнир „Тетово опен“

Тетово, 30 септември 2023 (МИА) - Во Тетово утре по 20-ти, јубилеен пат ќе се одржи меѓународниот карате турнир „Тетово опен 2023“ во организација на карате клубот Фати.

 

Натпреварите ќе се одржуваат во спортската сала на средното стручно училиште „Никола Штејн“ во Тетово.

 

- Повикани се сите клубови во Македонија, Косово, Црна Гора, Србиjа, Албанија и Бугарија. Се очекува бројка од над 500 каратисти, што е доволен број и показател за 20 години пријателство со нивно постојано учество на карате турнир односно на „Тетово Опен“  манифестација со која славиме 20 години организација, изјави Арлинд Хусеини, претседател на КК Фати.

 

Турнирот ќе почне со натпревари од 10 часот, додека свеченото отворање ќе биде во 13 часот. ас/зс/

 

фото КК Фати  

Остани поврзан