• сабота, 23 ноември 2024

Во Тетово се одржа симулација на евакуација на ученици заради поплава

Во Тетово се одржа симулација на евакуација на ученици заради поплава

Тетово,  9 октомври 2024 (МИА) - Симулација на евакуација на ученици заради поплава, се одржи денеска во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово во објектот на поранешното медицинско училиште покрај реката Пена.

По сирената за алармирање учениците излегоа од училишните објекти, а дел од нив како „повредени“ беа извлечени од екипите на Итната медицинска помош и волонтери на Црвен крст. По укажаната помош „повредените“ беа однесени во амбулантно возило.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Џеват Селами, најави слични активности и во останатите образовни институции.

-Денес предизвик се елементарните непогоди, подигнувањето на свеста кај нашите граѓани особено кај помладата генерација е многу значајно. Превентивата е најдобра заштита и спасување за нашите граѓани. Дирекцијата за заштита и спасување овој период има кампања по сите образовани институции. Нашите помлади генерации да бидат известени и подготвени во однос на елементарните непогоди кои се реални и предизвик на нашата држава и на светот, изјави Селами.

УНДП со финансиска поддршка на швајцарската Влада и амбасадата на Швајцарија во Скопје, спроведе 8 симулациски вежби во 12 училишта со над 2000 ученици.

-Како дел од една поширока програма што ја спроведува УНДП во насока на справување со кризи од природни катастрофи. Секоја година Обединетите Нации го одбележуваат денот за намалување на ризици од катастрофи коишто оваа година паѓа во втората недела од октомври. Фокусот оваа година ни е на младите. Целта, покрај тоа што сакаме да ја кренеме свеста за ваквите предизвици исто така да ги информираме учениците и да ги подобриме нивните вештини. Ние сите знаеме дека учениците се главните преносници на вести и информации до своите семејства така да веруваме дека и тоа ќе дополнителна вештина, истакна постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), Армен Григорјан.

Настанот се одржува како дел од серијата активности кои ги спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за намалување на ризиците од катастрофи, 13-ти октомври. ас/аа/
фото МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан