• четврток, 26 декември 2024

Во Тетово сè уште нема надоместоци за членовите на избирачки одбори за локалните избори

Во Тетово сè уште нема надоместоци за членовите на избирачки одбори за локалните избори
Тетово, 2 февруари 2022 (МИА) - И во јануари останаа без надоместок членовите на избирачките одбори и општинската изборна комисија (ОИК) Тетово поради блокираната сметка на тетовската општина. Станува збор за 1.170 луѓе од 177 избирачки одбори и сите членови на општинската изборна комисија Тетово. - Ние како ОИК сме се обратиле до Државната изборна комисија дека нашата општина е блоикирана и не може да врши исплата на членови на избирачките одбори и исто така на членови на ОИК. ДИК го достави нашето барање до Министерството за финансии и чекаме одо Министерство за финансии да се пуштат тие средства во нашата под-сметка што ја имаме како ОИК. Веруваме дека тие ќе ги пуштат тие средства и ние одма ќе реагираме како ОИК ќе почнеме да ги внесуваме во систем за да ги исплатиме истите. Барам да имаат членовите на избирачките одбори трпение, мислам дека оваа работа мора да биде затоа што ова е законски регулирано, мора да се исплатат членовите на изборни органи, вели секретарот на ОИК Тетово, Назми Даути. Од Државната изборна комисија уште во декември информираа дека испратиле допис до Министерството за финансии каде се објаснува целата ситуација и се бара од нив решение, да се најде соодветен начин за исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори. - Сме имале и порано вакви ситуации со други општини и тогаш помага Министерството за финансии согласно законските можности, изјави Адмир Шабани, портпарол на Државна изборна комисија. За да се исплатат сите 1.170 членови на одбори и ОИК за исплата се потребни 12 милиони и 200 илјади денари. ас/мс/

Остани поврзан