• четврток, 26 декември 2024

Во Тетово речиси двојно повеќе сообраќајни прекршоци овој јуни во споредба со лани

Во Тетово речиси двојно повеќе сообраќајни прекршоци овој јуни во споредба со лани

Тетово, 6 јули 2021 (МИА) – Во текот на минатиот месец полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово на подрачјето на Тетово законски санкционирале 2.057 различни видови неисправности, односно сообраќајни прекршоци. Ова се 1.281 санкции повеќе, во споредба со истиот период минатата година.

Големиот број прекршоци резултирал со многу поединци и возила кои се исклучени од сообрќај.

-Во контролните активности, редовни, засилени и акциски, поради констатирани прекршоци, од сообраќај биле исклучени 66 возила.   Најмногу од исклучените возила (38) имале истечена регистрација над 30 дена, кај 27 била утврдена техничка неисправност, а кај 1 возило претовар.  Во јуни, исто така, од сообраќај биле исклучени и 359 возачи, од кои 216 управувале без возачка дозвола, 53 под дејство на алкохол, 63 возачи-почетници, 19 со несоодветна категорија и 8 со важечка забрана за управување, потенцира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.  

Покрај тоа, во овој период времено биле одземени 89 возачки и 40 сообраќајни дозволи, додека тетовската „пајак-службата“ вкупно подигнала 131 непрописно паркирано возило.  

Во јуни времено биле одземени и 28 возила поради истечена регистрација повеќе од 6 месеци.ас/бт/

 

Остани поврзан