• среда, 25 декември 2024

Во Тетово и Гостивар за непрописно престигнување санкционирани 34 возачи

Во Тетово и Гостивар за непрописно престигнување санкционирани 34 возачи
Скопје, 26 јули 2021 (МИА) - Полицијата од СВР Тетово, при засилена акциска контрола, денеска од 14 до 20 часот санкционирала 34 возачи кои непрописно престигнувале на територија на СВР Тетово, информираат од Министерството за внатрешни работи. Како што соопштуваат од МВР, 16 од санкционираните возачи се на територија на Тетово, а 18 на територија на Гостивар. Оттаму посочуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот. ар/дма/

Остани поврзан