• недела, 17 ноември 2024

Во Тетово гостуваше Националниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“

Во Тетово гостуваше Националниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“
Тетово, 10 јуни 2022 (МИА) - Националниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“  по повеќе години вчера гостуваше во Тетово. Играорците, оркестарот и пејачките групи настапија на големата сцена во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“. - Имавме прекрасен концерт пред полното гледалиште во големата сала на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово. Ансамблот со неверојатен уметнички набој и беспрекорна изведба и ги подари на публиката Копачка, Тресеница, Копачија, Солунка, Драчевка, како и неколку бисери од вокално-инструменталната ризница на Танец, а публиката ниту за миг не ги штедеше дланките. Целиот концерт беше во знакот на громогласните аплаузи, на радост на сите. Ова е мотив за следна скорешна средба, изјави Бранка Костиќ-Марковиќ, уметнички раководител на ансамблот. Здружението за куктура и уметност „Иљо Антески-Смок“ по повод 100 годишниот јубилеј на ансамблот „Танец“ додели плакета за исклучителен придонес и соработка во афирмација на македонското културното наследство. ас/сх/

Остани поврзан