• недела, 24 ноември 2024

Во терористички напад во Сомалија загинаа тројца војници од ОАЕ и еден од Бахрен, „Ал Шабаб“ презеде одговорност

Во терористички напад во Сомалија загинаа тројца војници од ОАЕ и еден од Бахрен, „Ал Шабаб“ презеде одговорност

Могадишу, 11 февруари 2024 (МИА) - Министерството за одбрана на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) соопшти дека тројца емиратски и еден бахреин војник загинале во „терористички напад“ во Сомалија.

„Во терористички напад во Сомалија, тројца припадници на вооружените сили на ОАЕ и еден офицер од Бахреин ги загубија животите, а две лица се повредени“, се вели во соопштението на Министерството објавено на мрежата Х.

Во соопштението се наведува дека нападот бил извршен „за време на извршување на работните задачи поврзани со обуката и структуирањето на сомалиските вооружени сили, во рамки на билатералниот договор за воена соработка меѓу ОАЕ и Сомалија“.

Испратена е порака со сочувство до семејствата на загинатите војници, а се посочува дека ОАЕ ќе продолжи да се координира и да соработува со сомалиската влада во истрагата за нападот.

Во меѓувреме, сомалиската сунитска група Ал Шабаб, која е моќен огранок на Ал Каеда, ја презеде одговорноста за нападот. 

Нападот беше извршен во воената база „Генерал Гордон“ во ОАЕ од страна на регрут кој отвори оган врз инструкторите кога тие ја започнаа својата молитва. Министерството за надворешни работи на ОАЕ го осуди овој „терористички чин“.

Напаѓачот е застрелан. ссм/

фото: архива

 

Остани поврзан