• понеделник, 29 јули 2024

Во тек се активности за поставување сообраќајна сигнализација на три улици во Неготино

Во тек се активности за поставување сообраќајна сигнализација на три улици во Неготино
Неготино, 10 март 2022 (МИА) - По спроведената постапка за јавна набавка и врз основа на договорот помеѓу Општина Неготино и фирмата „Виа сигнал“ ДООЕЛ-Скопје, во тек се активности за поставување на сообраќајна сигнализација на три улици во градот Неготино, информираат од локалната самоуправа.
 - Се работи за улиците „Едвард Кардељ“, „ЈНА“ и „Антигона“. Проектот се спроведува согласно програмата ,,Ј6 – Одржување и заштита на локални патишта и регулирање на режим на сообраќај", појаснуваат од општината.
Вредноста на работите што се изведуваат, како што велат оттаму, изнесува 649 019 денари. свд/ар

Остани поврзан