• среда, 13 ноември 2024

Во тек подготовките за вториот Ендуро и „Офф роад“ натпревар во Делчево

Во тек подготовките за вториот Ендуро и „Офф роад“ натпревар во Делчево
Делчево 22 октомври 2022 (МИА) - Привршуваат подготовките за вториот  Ендуро и „Офф роад“ натпревар кој ќе се одржи на почетокот на месец ноември во Делчево. Организатор на настанот е здружението Мото клуб „Ендуро Тим“, чии членови деновиве работат на уредување на мото патеката која е предвидена на земјен терен над манастирскиот комплекс „Св.Богородица Балаклија“. - По успешно организираната трка минатата година, годинава го организираме вториот по ред ваков спортски настан. Трката е закажана за 6 ноември 2022 година, а во моментот се работи на уредување на патеката која е лоцирана во пределите на планината Голак, над манастирот во Делчево. Се надеваме дека ќе се собереме во што поголем број да се дружиме, спортуваме и уживаме во убавините на Голак, информираа од делчевскиот мото клуб. Во моментот, како што додадоа, во тек е пријавувањето за натпреварот кој ќе се одржи во пет категории. - На натпреварот може да се пријават крос мотори до 250 кубици, крос мотори над 250 кубици, АТВ мотори, џипови до 2000 кубици, џипови над 2000 кубици, додадоа од Ендуро Тим Делчево. За најдобрите во сите категории организаторите ќе доделат пехари, медали и благодарници. вс/зс/

Остани поврзан