• петок, 27 декември 2024

Во тек е тампонирање на улица во кумановското село Проевце

Во тек е тампонирање на улица во кумановското село Проевце
Куманово, 28 септември 2022 (МИА) - Почна тампонирањето на улицата која го спојува село Провце со кружниот тек во Куманово, соопштија денеска надлежните од одделението за комунални дејности. - Улицата се тампонира во должина од 830 метри. Очекуваме наскоро да заврши, изјави помошникот раководител на одделението, Момчило Јовановски.
Жителите на населбата подолг временски период бараат тампонирање на улицата која го поврзува ова населено место со градот преку новиот кружен тек што се гради кај локација „Митев мост“. Тие нагласуваат дека општината вложува во инфраструктура во други пооддалечени места, а го запоставува ова населено место кое се наоѓа на само неколку километри од центарот на градот.
Општина Куманово на јавен тендер во средината на мај годинава, избра компанија за градежни работи и тампонирање на сообраќајници на подрачјето на општината. Општината одвои 2.728.278 денари со вклучен данок на додадена вредност за тампонирање на улиците во кумановско. На повикот избрана е компанијата од „Фишер Тихи ДОО увоз-извоз“ од населбата Карпош Куманово. Договорот помеѓу општината и избраната компанија има важност од 12 месеци. Изведувачот е должен да ги заврши работите во рок од 45 дена по добивањето на налогот од општината.ам/ир

Остани поврзан