• вторник, 24 февруари 2026

Во тек е реконструкција на спортска сала во пробиштипското училиште „Никола Карев“

Во тек е реконструкција на спортска сала во пробиштипското училиште „Никола Карев“

Пробиштип, 23 февруари 2026 (МИА) - Во тек е реконструкцијата на спортската сала во Општинското осново училиште „Никола Карев“, информира денеска градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски. Посочува дека со реконструкцијата на подот во спортската сала се создава современ, безбеден и функционален простор, кој ќе овозможи квалитетно одвивање на наставата и спортските активности.

-Проектот опфаќа целосна замена на постојниот, дотраен под со нова современа подлога, санација и подобрување на хидрантската мрежа за зголемена безбедност, санација на системот за вентилација и обезбедување подобри услови во салата-вели Тоневски.

Изведувач на градежните активности е ИБО ПОД ДООЕЛ од Прилеп, додека финансиските средства во висина од 5.343.270 денари се обезбедени од Министерството за образование и наука.

-Продолжуваме со вложувања во образованието и спортската инфраструктура, затоа што нашите ученици заслужуваат современи услови за учење, развој и успех-додава Тоневски. вдј/дма/

Фото: Општина Пробиштип

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан