• понеделник, 02 септември 2024

Во тек е расчистување на трим патеката во Кисела Вода

Во тек е расчистување на трим патеката во Кисела Вода
Скопје, 10 ноември 2021 (МИА) - Во тек се активностите за чистење на трим патеката во Кисела Вода. Сезонските работници преку Секторот за месна самоуправа на општината од вчера работат на расчистување на шеталиштето, информираат од Општина Кисела Вода.  -Целта е да создадеме средина која ќе биде пријатна за живеење и во еколошка и во естетска смисла. За тоа ќе ги употребиме сите ресурси што ги поседува општината, вели во пишана изјава градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.  Тој најавува највисоко ниво на хигиена и почесто одржување вакви акции. ки/лв/

Остани поврзан