• недела, 17 ноември 2024

Во тек е расправата за разрешување на Мизрахи

Во тек е расправата за разрешување на Мизрахи
Скопје, 14 февруари 2020 (МИА) - Во тек е собраниската расправа за разрешување на техничката министерка Рашела Мизрахи. Според СДСМ, не е патриот оној што со сите напори се бори против Преспанскиот договор од кој произлегуваат многу бенефити за државата, туку оној што обезбедува сигурна иднина за земјата и за граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ, пак, смета дека причина за разрешувањето не е таблата со името Република Македонија, туку откриените незаконитости и злоупотреби што ги правела Мила Царовска. -Поднесете кривична пријава ако некој го прекршил Уставот. Покажувате мусклули на жена од метар и 65 сантиметри, напаѓана за антисемитизам, која е нова во политиката, а Никола Димитров го чувате како заштитена бела мечка зашто потпишува сé што сакате, реагираше Антонио Милошоски во врска со предлогот за разрешување на Мизрахи. Костадин Костадинов рече дека не е патриот оној што со сите напори се бори против Преспанскиот договор од кој произлегуваат многу бенефити за државата, туку оној што обезбедува сигурна иднина за земјата и за граѓаните. Се очекува дека Собранието ќе продолжи со работа во текот на ноќта, до утринските часови, и дека ќе се гласа по предлогот за разрешување на Мизрахи. Како што велат за МИА од владејачкото мнозинство, не е исклучено и да се гласа по предлог-измените на изборниот законик кој предмалку ја поминал комисиската расправа. Според парламентарното мнозинство, продолжението на 135. седница на која треба да се гласа за законот за ЈО веројатно ќе се одржи во недела за кога е закажана и седницата за распуштање на Собранието. мч/бк/            

Остани поврзан