• петок, 27 декември 2024

Во тек е постапка за доопремување на градскиот пазар во Берово

Во тек е постапка за доопремување на градскиот пазар во Берово
Берово, 20 септември 2021 (МИА) - Во Берово во тек постапка за доопремување на новоизградениот градски пазар. Како што информираа од Општината во тек е набавка на нови тезги кои до крајот на годината треба да бидат поставени на градскиoт пазар.
-Со претходно завршените инфраструктурни инвестиции Беровчани добија нов модерен и убав градски пазар. Постапката продолжи со набавка на современи и модерни тезги, како дел од започнатиот план за зајакнување на локалната и клучна инфраструктура кој ќе продолжи да биде реализиран на ниво на целата општина, велат од Општината.
Оттаму додадоа дека во насока на подобрување на условите на градскиот пазар изградена е и пристапна патека со цел подобар пристап на граѓаните до градскиот пазар.
Проектот за изградба на градскиот пазар во Берово ја чинеше општината во вкупна вредност од 202.742 евра, средства од кои дел беа обезбедени преку програмите на Европската Унија, а дел од Буџетот на Општина Берово. вс/ки/

Остани поврзан