• сабота, 23 ноември 2024

Во тек е повик за ангажирање лица за извршување јавни работи во Крива Паланка

Во тек е повик за ангажирање лица за извршување јавни работи во Крива Паланка

Крива Паланка, 12 јануари 2024 (МИА) - Општина Крива Паланка ќе ангажира лица за извршување јавни работи. Можат да се пријават лица приматели на гарантирана минимална помош и невработени лица со живеалиште на територијата на општината.

-Повикот е објавен согласно Програмата за социјална, детска и здраствена заштита за 2024 година, усвоена од страна на Советот на Општина Крива Паланка. Планот за јавни работи за тековната година предвидува ангажирање на десет лица за извршување јавни работи во период од три месеци. Ангажираните лица ќе спроведуваат: чистење улици, локални патишта, патеки, скали, чистење водотранспортни објекти, чистење снег од јавни површини, отстранување наноси и одрони, фарбање комунална опрема, чистење јавни објекти, поставување опрема, собирање отпад, чистење депонии, подигнување и одржување зелени површини и други слични работи по потреба, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.

Општина Крива Паланка преку овие активности од интерес на целата локална заедница пружа помош на лицата кои тешко се вклучуваат на пазарот на трудот.

Право на учество на јавниот повик имаат лицата корисници на гарантирана минимална помош и невработени лица жители на Крива Паланка. Лицата ќе бидат со ангажман во период од 3 месеци од денот на потпишување на договорот, а месечниот надомест изнесува 13.000 денари по лице.
Потребните документи кандидатите треба да ги достават во просториите на Општина Крива Паланка, секој работен ден, а изборот на пријавените кандидати ќе го спроведе комисија формирана од градоначалнот. ид/дма/

 

Фото:МИА архива

Остани поврзан