• вторник, 12 ноември 2024

Во тек е кампањата „Носи кацига“

Во тек е кампањата „Носи кацига“

Скопје, 8 јули 2024 (МИА) - Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност – Скопје, во мај 2024 година ја започна кампањата „Носи кацига“.

Оваа кампања, соопштија денеска од РСБСП, се реализира со делење на едукативно-рекламен материјал и едукативно-превентивни активности во повеќе градови.

- Кампањата „Носи кацига“ е пред сѐ насочена кон лицата кои управуваат мотоцикл, велосипед и тротинет, и нивното одговорно и безбедно учество во сообраќајот со цел подигање на свеста за почитување на сообраќајните правила и прописи, користење на заштитна опрема (во прв ред заштитен шлем) и зголемување на безбедноста на мотоциклистите, велосипедистите и останатите учесници во сообраќајот на патиштата, стои во соопштението. цр/ац/

Фото: РСБСП

Остани поврзан