Во тек е исплата на правата од социјална и детска заштита за јануари 2026
- Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за јануари 2026 година.
Скопје, 6 февруари 2026 (МИА) - Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за јануари 2026 година.
Kорисниците на парични права, кои поседуваат дебитна картичка, ќе може да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронското и мобилното банкарство.
Оние корисници што не користат картички од денеска ќе може да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките. мд/са/
Фото: Министерство за социјална политика, демографија и млади