• среда, 19 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во тек дополнителни градежните активности покрај  улицата „Луј Пастер“ во Велес

Во тек дополнителни градежните активности покрај  улицата „Луј Пастер“ во Велес

Велес, 28 февруари 2025 (МИА) - Продолжуваат градежните активности со изградба на потпора и тротоар покрај  дел од велешката фреквентна улицата „Луј Пастер“ што води низ населбата Керамидна во новиот дел на Велес, лоцирана покрај самата пруга Велес-Битола. На оваа  улица пред реконструкцијата се сруши  и постоечкиот потпорен ѕид на потег од поранешната Фабрика „Киро Ќучук“ до крстосницата во населбата во должина од околу 200 метри  и со што се прошири трасата на самата улица, која порано беше многу тесна и само за едно возило.

Како што информираат од Општина Велес, на овој потег од 200 метри во тек е изградба на нова потпора за стабилизирање на косината од префабрикувани бетонски елементи и мала пешачка патека за безбедно движење на  жителите и сите што поминуваат или шетаат секојдневно покрај оваа фреквентна улица.

Од Општина Велес деновиве веќе ја  одбележаа улицата, а во тек е поставување на нови улични столбови со лед светилки на оние делови од улицата кои се проширија и долж улицата каде ги немаше. На старите улични столбови старите жолти неефикасни светилки во наредните денови ќе се заменат со ефикасни бели лед светилки, информираат од Општина Велес.

Но, жителите од населбата Керамидна до надлежните во  Општината и градоначалникот апелираат за нарушената безбедност на движење на поголем дел од улицата „Луј Пастер“ покрај пругата, поради  неделава поставената метална ограда на работ  на самата улица, а поради што го изгубија и малиот тротоар  што го имаа за безбедно движење. За жал пешаците  сега    мораат небезбедно да се движат по самиот коловоз од улицата и затоа гласно реагираат надлежните од општината ова час поскоро да го  сменат  и повторни  да им се вратат малите тротоарчиња покрај пругата по кои безбедно се движеа.

Градоначалникот Марко Колев за МИА појасни дека оградата е поставена на барање на „Македонски железници“ покрај самата пруга, а кои и покрај нивните молби на Општина Велес од МЖ  не одобриле поставување на тротоари  во нивниот заштитен појас покрај самата пруга Велес-Битола на оваа улица „Луј Пастер“.

Градоначалникот Колев  пради тоа  апелира до граѓаните на оваа улица во интерес на безбедноста на сите кои поминуваат по неа посебно на децата, тие кои  несовесно ги паркираат своите автомобили и ја стеснуваат улицата за движење  да ги паркираат во своите дворови и гаражи. 
Апелира и до СВР Велес за отстранување на возилата долж улицатаа кои го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот,а посебно движењето на пешаците. ад/мд/
 

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан