• сабота, 28 декември 2024

Во тек дополнителна исплата на образовен додаток за учебната 2023/2024 година

Во тек дополнителна исплата на образовен додаток за учебната 2023/2024 година

Скопје, 31 октомври 2024 (МИА) -  Министерството за социјална политика, демографија и млади известува дека во тек е исплатата на образовен додаток – дополнителна исплата за учебна година 2023/2024 година.

Како што информира, дополнителната исплата се врши согласно Законот за заштита на децата во случај ако има позитивно решени жалби и задоцнето известување од страна на училиштата.

-Во овие случаи  исплатата  за правото на додаток за образование се врши до 31 октомври во тековната календарска година за претходната наставна година, наведува Министерството во соопштение. хс/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан