• сабота, 23 ноември 2024

Во тек градежните работи на градинка „Пролет“, се очекува да биде отворена во септември

Во тек градежните работи на градинка „Пролет“, се очекува да биде отворена во септември

Скопје, 5 февруари 2024 (МИА) - Завршена е енергетски ефикасната фасада и другите надворешните работи на градинката „Пролет“ во Општина Центар и се очекува да биде отворена во септември оваа година. Градинката има капацитет за згрижување на 150 деца од оваа општина, а инвестицијата е во вредност од 2,5 милиони евра.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски кој денеска изврши увид во градежните работи, изјави дека 70 проценти од работите се завршени. Како што рече, станува збор за градинка која општината ја гради со сопствени средства.

Тој информираше дека завршена е енергетски ефикасната фасада и другите надворешните работи поради што градежните работи се одвиваат во внатрешноста на објектот.

-Завршено е поставувањето на електричната и водоводната инсталација. Поставени се сите преградни ѕидови како и противпожарните врати кон подрумските простории, пристигнати се поголемиот дел од елементите во кујната кои се по најсовремен хасап систем. Сакам да напоменам дека децатаа во градинката „Пролет“ секојдневно ќе добиваат свежо приготвена храна само за нив и истата ќе им се доставува преку посебен лифт, додаде Герасимовски.

Тој посочи дека е пристината опремата за греење и ладење, поставен е и лифтот за децата со инвалидитет и попреченост во движењето како и рампите за влез и излез во подземната гаража.

-Кровот е исто така целосно завршен. Општина Центар градинката ја гради со сопствени средства и оваа инвестиција значи решавање на еден долгогодишен проблем за сите родители од Пролет и Маџир Маало, истакна Герасимовски.

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, кој исто така денеска ја посети градинката, истакна дека ова е вистински пример што значи грижа за луѓето што живеат во Општина Центар.

-Оваа градинка е прва која се гради во Општина Центар по половина век, на најголема површина од 3.276 метри квадратни, и ќе биде најголемата детска градинка во државата, со капацитет за згрижување на 150 деца од оваа општина. Инвестицијата е во вредност од 2,5 милиони евра, а изградбата е целосно финансирана од општинскиот буџет. Ова е вистинска грижа за децата, за нашите најмлади и најмили и за сите граѓани – вака изгледа тоа на дело. Со ова темпо на работа, верувам дека вратите на оваа градинка ќе бидат отворени во септември, рече Ковачевски. бт/нд/

Фото: Општина Центар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан