• четврток, 26 декември 2024

Во текот на месецов неформална трилатерална средба во Њујорк за кипарското прашање

Во текот на месецов неформална трилатерална средба во Њујорк за кипарското прашање

Атина, 1 октомври 2024 (МИА) – Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш ги поканил лидерите на кипарските Грци и кипарските Турци, на неформална трилатерална дискусија за размена на мислења за текот на кипарското прашање во Њујорк во октомври, рече портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дижарик за кипарската новинска агенција ЦНА, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот истакна дека „наскоро ќе биде објавен датумот на неформалната средба на која ќе присуствува и генералниот секретар на ОН“.

- За време на неодамнешни билатерални средби во Њујорк, генералниот секретар ги покани лидерот на заедницата на кипарските Грци, Никос Христодулидис и лидерот на заедницата на кипарските Турци, Ерсин Татар на неформална трилатерална дискусија во октомври, со цел размена на мислења за текот на кипарското прашање, рече Дижарик за ЦНА.

Претседателот на Кипар неодамна рече дека се подготвени во секое време за средба и со лидерот на кипарските Турци и со турската делегација, а според грчките и кипарските медиуми и лидерот на кипарските Турци се согласил на неформална средба.

Преговорите за кипарското прашање беа прекинати во јули 2017 година кога во Кран Монтана не беше постигнато решение. ср/мс/

Остани поврзан