• петок, 28 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во текот на вчерашниот ден 732 санкции за сообраќајни прекршоци, од нив 214 за непрописно паркирање 

Во текот на вчерашниот ден 732 санкции за сообраќајни прекршоци, од нив 214 за непрописно паркирање 

Скопје, 27 февруари 2025 (МИА) - Во рамки на активностите на полициските службеници на ниво на целата држава биле издадени 732 платни налози. Од нив, соопштија денеска од МВР, 214 се однесуваат на непрописно паркирање, а 194 за непочитување на пропишаната брзина на движење.

По однос на прекршоците по основ на неносење сигурносен појас и говорење на мобилен телефон при возење, евидентирани биле 57, односно 25 прекршоци.

- Полициските службеници исто така детектираа 65 лица што учествувале во сообраќајот без возачки дозволи, во три случаи откриени се возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, а санкционирани се и 15 пешаци кои не ги почитувале прописите. Откриени се и 21 нерегистрирано возило во сообраќајот, а четири возила се исклучени од сообраќај поради техничка неисправност, следствено одредбите од Законот за возила, соопштија од МВР. цр/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан