• среда, 25 декември 2024

Во Тбилиси протести во знак на поддршка на поранешниот претседател Сакашвили

Во Тбилиси протести во знак на поддршка на поранешниот претседател Сакашвили

Тбилиси, 13 ноември 2021 (МИА) - Опозициската грузиска партија Единствено национално движење денеска организираше протест пред зградата на Парламентот во Тбилиси барајќи поранешниот претседател Михаил Сакашвили да биде префрлен од затворската болница во цивилна клиника.

Сакашвили на 8 ноември беше префрлен во затворската клиника откако се влоши неговото здравје. Тој штрајкува со глад од почетокот на октомври.

Сакашвили беше претседател на Грузија од 2004 до 2013 година, а во земјата се врати на 1 октомври по осумгодишен егзил. Веднаш по враќањето во татковината Сакашвили е уапсен поради пресуда од 2018 година за злоупотреба на положбата. Него му се судеше во отсуство. ми/

Остани поврзан