• среда, 25 декември 2024

Во Тајланд убиени 125 крокодили за да не избегаат во поплавите

Во Тајланд убиени 125 крокодили за да не избегаат во поплавите

Бангкок, 25 септември 2024 (МИА) - Фарма за слатководни сијамски крокодили во Тајланд, во областа Ламфун, усмрти 125 од овие влекачи, поради страв дека може да избегаат во поплавите во земјата и да го загрозат населението, според сопственикот на тоа чувалиште.

Сијамскиот крокодил може да порасне и до три метри. Се работи за ендемичен вид во Југоисточна Азија којшто е критично загрозен во дивината.

- Дождот ги еродираше ѕидовите на фармата и, за жал, моравме да убиеме 125 крокодили коишто ги одгледувавме 17 години... Контактирав и со властите за да ги сместиме овие влекачи во привремено засолниште додека трае поплавата, но барањето беше одбиено бидејќи животните биле преголеми, изјави сопственикот Натапак Хумкад.

Одгледувачот рече дека тој и неговите вработени ги убивале крокодилите со струја за да ги спречат да избегаат и заталкаат по селата, и слободно да ги напаѓаат селаните и добитокот.  си/сд/

Фото: Википедија

Остани поврзан