• вторник, 01 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Тајланд во прекин железничкиот и патниот сообраќај по силниот земјотрес во Мјанмар, во Бангкок затворени мостови

Во Тајланд во прекин железничкиот и патниот сообраќај по силниот земјотрес во Мјанмар, во Бангкок затворени мостови

Бaнгкок, 28 март 2025 (МИА) - Железничкиот сообраќај низ Тајланд е во прекин по силниот земјотрес во соседен Мјанмар, а во некои делови од земјата е во прекин и патниот сообраќај.

„Сите железнички линии (во Тајланд) привремено во прекин за да се осигура безбедноста на патниците по земјотресот во Мјанмар“, се вели во соопштението на Тајландската железница.

Железницата соопшти дека на операторите за брз јавен превоз во Тајланд им е наложено да ги прекинат услугите, да ги евакуираат патниците и да осигураат безбедност со расчистување на областите од урнатините.

Некои мостови во Бангкок, вклучувајќи го и мостот Рама III што се протега на реката Чао Фраја во центарот на главниот град на Тајланд, се затворени поради земјотресот во соседен Мјанмар, објави „Бангкок пост“. рп/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан