• недела, 28 јули 2024

Во судир на камион и автомобил едно лице загина, а три се повредени

Во судир на камион и автомобил едно лице загина, а три се повредени
Гостивар, 13 април 2021 (МИА) - Возач на патнички автомобил го загуби животот во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, додека три лица, кои биле сопатници во возилото со тешки повреди се пренесени на скопските клиники. Според информациите од СВР Тетово, сообраќајната несреќа се случила околу 16 часот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар. Во близина на Ростушки мост се судриле патничко моторно возило „хундаи акцент“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал А. Ѓ. (68) од Скопје и товарно возило со српски ознаки, што го управувал Љ. Д. (52) од Панчево, Србија. Од првичните информации на полицијата, во несреќата, возачот на патничкото возило починал на самото место, а тројца сопатници на возраст од 26, 30 и 34 години, пренесени се во Скопје за укажување на лекарска помош. На местото на несреќата увид вршат Јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар. згм/аа/

Остани поврзан