• среда, 25 декември 2024

Во судар на возови кај Барселона еден загинат и 85 повредени патници

Во судар на возови кај Барселона еден загинат и 85 повредени патници
Барселона, 16 мај 2022 (МИА) - Едно лице загина, а 85 се повредени во судар што денеска се случи во Каталонија меѓу товарен и патнички воз, соопштија шпанските власти и железничката компанија. Службите за брза помош соопштија дека помагаат да се евакуираат околу 100 луѓе од патничкиот воз. Несреќата се случила околу 18 часот, на околу 15 километри од Барселона, главниот град на североисточниот регион, соопшти железничката компанија ФГЦ. Товарниот воз, што превезувал калиум, излетал од шините додека навлегувал во станицата Сант Бои, во североисточна Шпанија. Тој потоа удрил во предниот дел на патничкиот воз, што ја напуштал станицата, а во сударот загинал машиновозачот, соопшти компанијата FGC. сд/

Остани поврзан