• петок, 27 декември 2024

Во Судан пронајдена масовна гробница со војници

Во Судан пронајдена масовна гробница со војници
Картум, 24 јули 2020 (МИА) - Властите на Судан открија масовна гробница со 28 тела на војници, убиени во неуспешниот обид за пуч против поранешниот претседател Омар ал-Башир во 1990 година, соопшти суданското Јавното обвинителство. Ова е втора масовна гробница од тој период, пронајдена во последните неколку месеци, во Омадурман, во близина на Картум. - Доказите покажуваат дека масовната гробница е најверојатно таму каде лежат телата на офицерите кои се убиени и закопани на невнимателен начин, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство на Судан. Тим од 23 експерти, во период од три недели ја идентификува и откри локацијата што долго време беше строго заштитена. Пролетта 1990 година, 28 офицери се обиделе да го соборат ал-Башир, но биле уапсени и егзекутирани во чудни околности. Ал-Башир беше тргнат од власт од војската минатата година, а тој се уште нема коментар за откритието. ки/јт/

Остани поврзан