• вторник, 24 декември 2024

Во Струмица се поставуваат контејнери за селектирање на отпадот

Во Струмица се поставуваат контејнери за селектирање на отпадот

Струмица, 21 ноември 2024 (МИА) - Струмичкото комунално претпријатие почна со поставување на 60 контејнери во две бои-сина за хартија и жолта за пет пластика. Контејнерите се поставени во дворовите на сите средни и основни училишта, како и на 20 локации низ градот, информираа од ЈПКД „Комуналец“ на нивната официјална страница.

Оттаму напоменуваат дека истите се само за одреден тип на отпад, сини за хартија и жолти за пет пластика, додека депонирање на друг вид отпад во нив е строго забрането и ќе биде санкционирано од страна на инспекциските служби.

-Според законот за управување со отпад ЈПКД „Комуналец“, како фирма која управува со собирањето на отпад, е должна на граѓаните да им овозможи канти во кои согласно истиот закон се должни да вршат примарна селекција на отпад. Под примарна селекција на отпад се подразбира дека секое домаќинство мора одделно во различни канти да става хартија, пет пластиката и останат смет, се наведува во информацијата.

Додаваат дека деновиве дел од домаќинствата кои не добија канти за рециклирање истите ќе им бидат доставени, со што секое домаќинство, покрај стандардната канта за отпад што ја поседува, ќе има и уште една канта за примарна селекција за отпад.

Инаку, контејнерите се набавени преку Министерството за животна средина и просторно планирање со капацитет од еден метар кубен. рт/дма/

Фото: ЈПКД „Комуналец“ Струмица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан