• недела, 24 ноември 2024

Во Струмица се одржа големата „Get EXITed“ забава во рамки на „Егзит“ фестивалот

Во Струмица се одржа големата „Get EXITed“ забава во рамки на „Егзит“ фестивалот
Струмица, 8 септември 2022 (МИА) - Во Струмица синоќа се одржа одржа големата „Get EXITed“ забава во рамки на „Егзит“ фестивалот на која настапија имиња од светската и регионална музичка сцена. Пред сцената поставена во Градскиот парк во Струмица голем број посетители се забавуваа со сетовите на познатите диџеи до раните утрински часови, а влезот беше слободен. Забавата беше отворена со вински и гастрономски саем, а на сцената први се појавија Дина Јашари и Другари, култниот македонски бенд 21 Век, Диџеј Гоце САФ и Диџеј Чваре (Фанки Фреш), а потоа на бината се појави регионалната трап-кралица Сенида. Забавата продолжи со Махмут Орхан, Кристијан Молнар, а вечерта ја круниса италијанската техно-ѕвезда Дебора Де Лука. Според организаторите од Фестивалот „Егзит“, идната година треба да се случи и фестивалско издание во Струмица, кој треба да стане нова важна туристичка дестинација на Балканот. рт/дма/

Остани поврзан