• недела, 24 ноември 2024

Во Струмица преку „Систем 48“ во првите шест месец од годината решени 463 проблеми, најмногу за уличното осветлување

Во Струмица преку „Систем 48“ во првите шест месец од годината решени 463 проблеми, најмногу за уличното осветлување

Струмица, 1 јули 2024 (МИА) - Преку општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „Систем 48“ во првите шест месеци од годината биле решени 463 проблеми од вкупно пријавените 528 од страна на граѓаните, додека за останатите 65 е потребно повеќе време од 48 часови и истите биле проследени до надлежните служби,информираа денека од Општината.

Како и порано најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ биле од областа на уличното осветлување-362, собирање смет-81, водовод и канализација-41, паркови и зеленило-29 и 15 за улици, патишта и тротоари.

Во информацијата се додава дека целта на општинскиот сервис „Систем 48“ е зголемување на транспарентноста на јавно достапните услуги кои ги нуди Општина Струмица, подобрување на нивниот квалитет и професионално решавање на пријавените проблеми.

Од „Систем 48“ и Општина Струмица апелираат до граѓаните да продолжат и понатаму да го користат бесплатниот телефонски број 080014848 за пријавување на проблемите со коишто се соочуваат, а кои се во надлежност на Општината, јавните претпријатија и институции.рт/цр

Фото: МИА архива

Остани поврзан