• четврток, 26 декември 2024

Во Струмица предадено во употреба повеќенаменско спортско игралиште

Во Струмица предадено во употреба повеќенаменско спортско игралиште
Струмица, 5 октомври 2022 (МИА) - Во Струмица денеска беше предадено во употреба повеќенаменско спортско игралиште во дворот на поранешниот Дом на АРМ, изградено по сите стандради за вакви типови на спортски терени. Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов истакна дека покрај игралиштето пробиена е и нова пристапна улица до оваа локација, а се затвора стариот пристап и се зголемува безбедноста на пешаците. -Посебно сум среќен што овој проект го реализиравме со сопствени буџетски средства во висина од 7.620.000 денари и тоа во време на криза, потврдувајќи дека и во вакви услови знаеме како да менаџираме со општинските средства, да ги исполнуваме ветувањата и да ги задоволуваме потребите на граѓаните, рече Костадинов. Тој најави дека и во наредната година ќе продолжат инвестиците и подобрувањето на спортската инфрастурктура, бидејќи, како што подвлече, Струмица е спортски град, со врвни спортисти, рекреативци од сите возрасни групи и млади со силен спортски дух на кои им се потребни вакви терени. рт/дма/

Остани поврзан