Во Струмица почна вежбите за евакуација во училиштата
- Од денеска во училиштата во Струмица почнаа вежбите за евакуација, кои беа најавени вчера од струмичките пожарникари и Општината.

Струмица, 26 март 2025 (МИА) - Од денеска во училиштата во Струмица почнаа вежбите за евакуација, кои беа најавени вчера од струмичките пожарникари и Општината.
Денеска вежба за евакуација во случај на пожар се организираше во ООУ „Свети Кирил и Методиј“ во село Дабиле, каде, покрај показната вежба од страна на пожарникарите, учениците беа запознаени и со основните мерки коишто треба да ги преземат за да се заштитат во случај на пожар.
Според градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, овие активности се дел од редовните подготовки за брзо и ефективно реагирање во случаи на непредвидени настани и се изведуваат со цел зголемување на безбедноста на учениците и вработени.
Ваква вежба за евакуација утре ќе биде спроведена во ООУ „Сандо Масев“ во Струмица, а наредните денови вежбите ќе продолжат и во останатите основни и средни училишта. рт/мд/
Фото: Општина Струмица