• вторник, 12 ноември 2024

Во Струмица оштетен билборд на претседателскиот кандидат Бујар Османи

Во Струмица оштетен билборд на претседателскиот кандидат Бујар Османи

Струмица, 22 април 2024 (МИА) - Денеска околу 10 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека со боја е оштетено рекламно пано-билборд на кандидатот за претседател, Бујар Османи, информираа од СВР Струмица.

Билбордот е поставен во центарот на градот на крстосницата од улиците „4-ти Јули“ и „Ленинова“ во Струмица.

Во соопштението од полицијата се наведува дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. рт/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан