• недела, 23 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Струмица отслужен молебен канон кон Пресвета Богородица за загинатите во пожарот во Кочани

Во Струмица отслужен молебен канон кон Пресвета Богородица за загинатите во пожарот во Кочани

Струмица, 19 март 2025 (МИА)-Вечерва во манастирот на Светите Петнаесет свештеномаченици во Струмица Викарниот епископ Стобиски Јаков со свештенството и монаштвото на Струмичката епархија на МПЦ-ОА отслужи молебен канон кон Пресвета Богогодица за утеха, поткрепа и исцеление на настрадите во Кочани и на сиот народ, како и за покој на душите на загинатите.

На молебениот канон присуствуваа голем број верници, како и членови на семејството на трагично загинатиот струмичанец Џоко Ѓоргиев (24), тапанар на групата ДНК, која настапуваше во дискотеката во Кочани,

Во својата беседа пред присустните Владиката Јаков повика на сплотеност и заедништво и како што истакна во оваа трагедија нешто светло што може да се види е што сите загинати кои беа спомнати во молитвата е секого да го доживееме како наш брат и сестра.

-Деновиве слушам зборови и за вина како во овие денови да има простор да се зборува за тоа и да се обвини некој, но не слушнав никого себе си да се обвини, кој е виновен за трагедијата. Јас чувствувам вина заради тоа што мојата молитва како епископ на црквата не беше доволно силна, не беше доволно огнена и посилна од стихијата на огнот. Јас чувствувам  вина заради тоа што ја немав таа духовна слобода пред Бог да влијаам и да ја променам божјата волја како што правале многу светители. Ако погледнеме длабоко и искрено во себе си ќе најдеме вина. Зборуваат за трулоста на системот, кој го чини системот? Но, не е денот и местото да се обвинуваме. Треба да тагуваме, треба да се молиме и човечки е да плачеме, ама не да очајуваме. Треба да си подадеме рака и треба да се сплотиме, треба да станеме едно. Кога тоа ќе го оствариме, тогаш ќе најдеме начин и ќе најдеме решение за се, истакна Епископот Стобиски Јаков.

Додаде дека трагедиите и несреќите секогаш го обединувале овој народ и како што рече, можеби и заради тоа постоиме, но и дека ќе го преживееме и ова и ќе излеземе посилни.рт/сст/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан