• четврток, 26 декември 2024

Во Струга до 17 часот излезноста за претседател 23 проценти, за парламентарните избори 35 отсто, во Вевчани над 63 проценти

Во Струга до 17 часот излезноста за претседател 23 проценти, за парламентарните избори 35 отсто, во Вевчани над 63 проценти

Струга, 8 мај 2024 (МИА) - До 17 часот во Струга и струшко за претседател гласале 23 проценти од регистрирани 61.496 гласачи во единствениот избирачки список. За парламентарните избори пак излезноста е 35 проценти, информира претседателот на Општинската изборна комисија Минир Жута.

Во Вевчани, според претседателката на ОИК Менка Кукоска, за избор на претседател и за пратеници гласале над 63 отсто од регистрираните 2.072 гласачи.

Во двете општини, како што потврдија од општинските изборни комисии гласањето се одвива тековно. сс/дма/

 

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан