• среда, 25 декември 2024

Во Стојаково се одржаа 73. Првомајски игри

Во Стојаково се одржаа 73. Првомајски игри

Скопје, 1 мај 2024 (МИА) - По повод Меѓународниот ден на трудот - 1 Мај, градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов, министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова и дополнителниот министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев присуствуваа на традиционалните 73. по ред Првомајски игри во Стојаково.

На својот фејсбук профил дополнителниот министер  Бојмацалиев посочи дека Првомајските игри се вистински заштитен белег за  жителите од ова населено место и со право Стојаково е „центарот” на Македонија за 1 Мај.

-Станува збор за неколку дисциплини - трки на 100, 1500, 3000 метри за јуниори и сениори во машка и женска конкуренција, трка со велосипеди, борба на рака и влечење со јаже, а едни од најинтересните, секако, се трките со коњи и магариња, работничката трка со колички и трката со вреќи. Традицијата во Стојаково е убав пример за тоа како се негува културата на македонскиот народ и како се јакне македонскиот идентитет, напиша  Бојмацалиев.

Игрите се одржуваат во организација на Советот на месната заедница од Стојаково, под покровителство на Општина Богданци.свс/дма/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан