• четврток, 26 декември 2024

Во среда теристичко запрашување против комарци во Охрид и крајбрежјето

Во среда теристичко запрашување против комарци во Охрид и крајбрежјето

Охрид, 27 мај 2024 (МИА) – Во рамки на активностите за превентивна систематска дезинсекција, задутре на Охридското крајбрежје ќе се спроведува теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 19 часот во среда до шест часот утредента.

Со дезинсекцијата ќе биде опфатено крајбрежјето на Охридското Езеро на потегот од селото Подмолје до комплексот Свети Наум, потоа територијата на градот Охрид, како и тековите на реките Грашница и Коселска Река.

Притоа се информираат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите, а се апелира граѓаните во односниот период да го намалат своето движење на посочениот опфат.

Дезинсекцијата се спроведува согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината како општа противепидемиска мерка.

Во случај на појава на неповолни временски услови, дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. аб/нд/

Фото: МИА

 

Остани поврзан