• четврток, 26 декември 2024

Во Србија стапи во сила Правилникот за регистрација на тротинети, од 15 јуни задолжителна налепница

Во Србија стапи во сила Правилникот за регистрација на тротинети, од 15 јуни задолжителна налепница

Белград, 6 март 2024 (МИА) - Сопствениците на електрични тротинети во Србија имаат време од 5 април до 15 јуни да ја завршат регистрацијата, по што започнува контролата, изјави Мирко Коковиќ од Агенцијата за безбедност во сообраќајот.

РТС потсетува дека стапи во сила регулативата за регистрација на лесни електрични возила – скутери. Со правилникот се уредува начинот на издавање, водење евиденција, изгледот и начинот на ставање налепници.

Лесните електрични возила или електрични скутери ќе може да се регистрираат од 5 април, додека на 15 јуни во сообраќај ќе можат да учествуваат само лесни електрични возила со валидна регистрација, изјави Мирко Коковиќ од Агенцијата за безбедност во сообраќајот.

За да се добие налепница потребна е техничка документација од која може да се одреди марката на самиот скутер, максималната номинална моќност на електромоторот што го придвижува, потоа брзината која не смее да надмине 25 километри на час, како и масата на празно возило. ссм/

фото: архива

Остани поврзан