• четврток, 28 ноември 2024

Во Србија почна имунизацијата со вакцината Спутник V, први ја примија Дачиќ и Вулин

Во Србија почна имунизацијата со вакцината Спутник V, први ја примија Дачиќ и Вулин
Белград, 6 јануари 2021 (МИА) - Претседателот на српскиот Парламент Ивица Дачиќ, министерот за внатрешни работи Александар Вулин и државниот секретар во Министерството за здравство Мирсад Ѓерлек ја примија руската вакцина за коронавирус Спутник V во Институтот за вирусологија, вакцини и серуми Торлак во Белград. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Дачиќ изјави дека тој и министерот Александар Вулин биле вакцинирани само за да им дадат пример на другите граѓани. - Вакцината мора да има две основни својства, според заклучоците во Европската унија и Светската здравствена организација - да биде ефикасна и безбедна. Наше не е да разговараме сега за стручни прашања. Дека вакцинацијата е неопходна и плодотворна, покажуваат и примерите на некои големи болести кои беа искоренети благодарение на неа. Против Ковид можеме да се бориме со вакцини ако тие се ефикасни и безбедни.Сметам дека би било сосема погрешно да се појавуваат теории на заговор што можат лошо да влијаат на јавното здравје, изјави Дачиќ. Според најавите, оваа недела во Србија треба да се дадат 2.400 дози вакцина Спутник V. Инаку, на 24 декември, премиеката Ана Брнабиќ, министерката Дарија Кисиќ Тепавчевиќ и епидемиологот Предраг Кон беа први кои се вакцинираа против короната, а ја примија вакцината Фајзер. Тогаш започна вакцинацијата на корисниците на домови за стари лица, а од вчера и здравствените работници примаат вакцина против короната. Планот е да се вакцинираат 11.000 лица до крајот на неделата. об/ми/

Остани поврзан